КД Фондови

НАМЕНСКО ДЕТСКО ВЛОЖУВАЊЕ

За животот што претстои...

Секој родител, без сомневање го посакува најдоброто за своето дете.

Желба на секој родител е да ги изнесе своите деца на прав пат и да им обезбеди квалитетно образование.

Знаеме дека во денешно време, заштедата на доволно средства за високото образование може да изгледа како далечна или невозможна цел. Дополнително, каматите на штедните депозити се сѐ пониски.

Но, имаме добра вест.

Многу семејства веќе пронајдоа достапен начин и вложуваат постепено, а лесно е да започнеш и ти.

Планирајте ги навреме универзитетските денови на вашите деца

  • Квалитетното образование, стекнатите знаења и вештини се голема предност при вработувањето и напредокот во кариерата;
  • Месечните трошоци за поддршка на студент растат и надминуваат 20.000 денари;
  • Најголемиот дел од овие износи треба да го покријат родителите.

Месечните стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука се движат помеѓу 3.300 и 6.050 денари месечно и тоа само за 9 месеци во годината.

Што добивам со вложувањето во фондови?

1


Оплодување на личната заштеда. Обезбедени средства за квалитетно образование на вашите деца.

2


Атрактивна добивка. Во 2016 година фондот КД ТОП БРЕНДОВИ оствари стапка на принос од 7,03%*

3


Вложувања во акции од светски познати компании. Louis Vuitton, Walt Disney, American Express, Apple, Nike, Hermès се само дел од компаниите.

4


Флексибилно вложување. Нема ограничувања за уплатениот износ, секој уплаќа според своите можности.

5


Транспарентност. Преглед на состојбата на Вашата заштеда е достапен во секое време.

6


Пристап до вложените средства. Делумна или целосна исплата на средства можете да побарате во секое време.