Практична работа и стипендии

Ако сте студент, програмата за стручна практична работа е важен чекор за вашиот професионален развој. Ако сте амбициозни, желни за знаење, упорни и истрајни, пријавете се за реализирање на стручна практична работа во нашиот тим. Ова практично искуство ќе ви помогне во поврзување на академското искуство со практичната работа и ќе ви овозможи стекнување впечаток за работата, работни навики и согледување на работната околина. Како практикант ќе бидете вклучени во работното опкружување кое ќе ве поттикне повеќе да научите и да развиете вредни вештини.

Банката обезбедува услови за стекнување практично знаење во соработка со универзитетите во РМ.

Што е потребно за да ја реализирате практичната работа кај нас?

  • Да сте студент на дипломски или постдипломски студии
  • Образовната институција каде што студирате да има потпишан договор со Банката
  • Да имате упатница за реализирање практична работа
  • Познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)
  • Да поднесете барање и апликација

Практична работа преку Агенција за вработување на РМ

Во соработка со Агенцијата за вработување, „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје" учествува во проектот Практикантство 1, со што се овозможува стекнување практично знаење и вештини на млади лица во времетраење од 3 месеци.

Условите за аплицирање се:

  • дипломирани економисти, правници и ИТ-инженери;
  • до 29-годишна возраст;
  • без работно искуство;
  • без претходно учество во проект на АВРМ за обуки или практикантство.

Кога има активен оглас, можете да аплицирате на hr@sparkasse.mk со тоа што ќе ја доставите вашата кратка биографија.

Стипендии

Best of South East

Програмата „Best of South East” е наменета за студенти на дипломски, постдипломски и докторски студии од правен и економски факултет, а опфаќа практична работа во „Steiermärkische Sparkassen Bank Graz" и една година студирање на Универзитетот во Грац. Стипендијата „Најдобрите од Југоисток” се доделува на вкупно 10 студенти од регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија). Студентите треба да се на возраст до 27 години, а да се одликуваат со особини како што се посветеност на работата, развиени комуникациски вештини и способност за аналитичко и практично економско размислување. Еден од условите е одлично познавање на англискиот јазик, како и добро познавање на германскиот јазик. Оваа година славиме 10 години од проектот „Најдобрите од Југоисток”, започнат од страна на „Steiermärkische Sparkassen Bank" во соработка со Универзитетот во Грац, а во Македонија е поддржан од „Шпаркасе Банка Македонија".

Целта на овaa програмa е да им овозможи на талентираните студенти дополнително да се образоваат и да стекнат практично искуство во интернационално опкружување што ќе им помогне во професионалниот живот.

Погледнете и за:

Контакти

Служба за човечки ресурси

Македонија 9-11, 1000 Скопје, Р. Македонија

Tel: +389 2 3167 156

hr@sparkasse.mk