Спонзорства и донации

 

НЛБ Банка е активно вклучена во поддршката на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на спортот, културата, хуманитарната дејност и образованието во Република Македонија.

Нашите цели и начела за спонзорирање се интегрирани во деловната политика и стратегија на Банката.

Сите барања за спонзорства и донации можете да ги пратите до donacii@nlb.mk или пак да ги доставите до Архивата на Банката на ул. „Мајка Тереза“ бр,1, 1000 Скопје, Македонија.

СПОНЗОРСТВА И ДОНАЦИЈА ЗА СПОРТ 

 

Нашата Банка изминатата година и покрај многубројните предизвици со кои успешно се справи, не ги заобиколи и спортските субјекти со кои оствари успешна соработка. Спонзорствата и донациите во спортот отсекогаш биле важен сегмент за нас и многу добро ја разбираме потребата да се биде помагател на клубовите, федерациите и индивидуалните спортисти со цел подигнување на нивото на нивната работа, како и обезбедување на соодветни услови за постигнување на посакуваните спортски резултати.

  

  

Спонзорства во спорт

Изминатата година беше исклучително тешка и за спортистите, посебно имајќи ги во предвид рестриктивните мерки со цел одржување на дистанца и заштита на личното и јавното здравје. Ова значеше откажување на голем број натпревари или пак одржани натпревари во празни сали без навивачката публика. Тргнувајќи од настанатата ситуација, како општествено одговорна институција продолживме со нашата поддршка на спортот, посебно онаму каде беше најпотребно.

Во поглед на нашата поддршка изминатата година бевме многу активни и спонзориравме повеќе спортски клубови и тоа:

  • Спонзорство на клубот РК Вардар,
  • Спонзорство на младите надежни сили на Ракометениот клуб Голден Арт КЛ7,
  • Спонзорство и повеќегодишно партнерство со Кошаркарскиот клуб Гостивар
  • Спонзорство на ски клубот Полар.

  

Донации во спорт

НЛБ Банка изминатата година исто така ја искористи иницијативата на Владата заедно со Агенцијата за млади и спорт за инвестирање во спортот со користење на даночни стимулации со цел подобрување на условите за поддршка на спортот (спортските федерации, клубови и спортисти). Благодарние на ваучерскиот систем користејќи го даночното ослободување, Банката  реализираше повеќе донации кон повеќе спортски субјекти од различни спортови кои имаа право на користење на финансиски стимулации во форма на ваучери распределени од Агенцијата за млади и спорт.

По основ на спортските ваучери Банката донираше вкупен износ од 25.996.930 денари за следните спортски клубови и поединци:

  

1. Одбојкарска федерација     

2. РК Пролет 1962       

3. Шаховска федерација         

4. Федерација на училишни спортови 

5. Национална спортска федерација на слепи лица на Северна Македонија 

6. Ставре Јада

7. КК Гостивар

8. Пливачки клуб Нептун Скопје

9. Џудо клуб ИПОН-Скопје

10. Карате клуб Олимпик        

11. Танцова Спортска Федерација      

12. Женски стрелачки клуб Лихнидос 

13. Таеквондо клуб Бутел       

14. Бодибилдинг и фитнес федерација           

15. ФК Македoнија Ѓорче Петров-1932АД                    

16. Женски одбојкарски клуб Работнички

  

На овој начин како Банка придонесовме за подигнување на нивото на развој на спортот и зголемување на финансиската моќ на спортските клубови, а со самото тоа и поголеми можности за постигнување на повисоки резултати.       

Како општествено одговорна институција, како и изминатите години, нашите планови и за следната година се да продолжиме со поддршка на спортот и младите таленти,  нивниот развој и постигнување на подобри резултати.

ДОНАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ И ФЕРБИЛНИ СОСТОЈБИ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 

Како системски значајна Банка нашата улога за време на оваа кризна година беше многу одговорна и клучна. Грижата за нашите сограѓани и воопшто одржувањето на општественото добро е од клучно значење, а како досега, така и во изминатата година, НЛБ Банка даде свој значаен придонес кон граѓаните и општеството.

 

 

Уште на самиот почеток, со прогласувањето на вонредната состојба, без размислување реагиравме експедитивно, дониравме и реализиравме успешни проекти со цел да им помогнеме на оние на кои им беше најпотребно.

Нашата прва донација од 50.000 ЕУР беше наменета за здравствените установи во борбата против Ковидот. Дониравме парична помош во износ од 20.000 ЕУР за поддршка на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со цел опремување на полуинтензивната нега и зголемување на капацитетот на пациенти кои може да бидат третирани за време на борбата со пандемијата. Останатите 30.000 ЕУР ги дониравме на отворената донаторска сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија како директна финансиска помош за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни за заштита на населението од корона вирусот.