Девизни / Денарски гаранции – Ностро

 

Основни информации

Гаранцијата е неотповиклива обврска на гаранторот, да плати по презентација на документација за наплата во согласност со гаранциските услови. Ностро е гаранцијата издадена од НЛБ Банка АД Скопје, по налог на нејзин комитент или за сопствени потреби. Во улога на налогодавач може да се јават физички и правни лица. По налог на барателот, банката може да ангажира друга банка да биде во улога на гарантор.

Гаранцијата се издава на меморандум на банката, преку SWIFT или се проследува како тендерска електронска гаранција (натаму: e-гаранциja). За e-гаранција се аплицира единствено при учество на тендер за јавна набавка. Електронската заверка ја реализира едно од лицата наведени подоле, кое поседува дигитален цертификат издаден од КИБС или МТ. Истото лице или друг вработен ја проследува електронски заверената гаранција до е-адресата наведена во инструкциите за издавање е-гаранција.

 За да се смета за оперативен инструмент, Adobe PDF форматот на е-гаранцијата на Банката, покрај заверката од дигиталниот потписник, мора да содржи два потписи на овластени лица согласно интерните акти на Банката, мануелно аплицирани на нејзин меморандум, заедно со печат на организационата единица што ја издава е-гаранцијата. Е-гаранцијата која не е заверена и доставена на опишаниот начин, нема да произведува било каква одговорност и обврска за Банката и истата ќе се смета за неважечка. 

Овластените лица кои се носители на дигитален цертификат наменет за заверка на е-гаранциите се Елена Ценева, Тања Шиљковски, Марија Јанчиќ, Елена Ицевска Илиева и Магдалена Смилевска

Што е потребно?

  • Да поднесете уредно заверен образец за издавање (контра)гаранција
  • Да имате отворено денарска и девизна сметка во НЛБ Банка
  • Документ кој ја одразува комерцијалната зделка помеѓу налогодавачот и корисникот
  • Соодветно обезбедување

Каде можете да го доставите барањето?

Во Дирекцијата и сите експозитури на Банката.

За сите потребни информации можете да се обратите на:

Е: dokumentarno_rabotenje@nlb.mk

За девизни гаранции
Тел: 02 / 5100 - 485
Тел: 02 / 5100 - 621
Тел: 02 / 5100 - 825
Тел: 02 / 5100 - 885

За денарски гаранции
Тел: 02 / 5100 - 473
Тел: 02 / 5100 - 490
Тел: 02 / 5100 - 822
Тел: 02 / 5100 - 874

Провизии и трошоци

За девизни гаранции:
Во зависност од покритието провизијата се движи од 0,10% до 0,33% месечно (минимум 500 МКД) + 700 МКД еднократен SWIFT трошок.
Измена на условите е 1.200 МКД еднократно за секоја измена на гаранција и/или договорните услови. 


За денарски гаранции:
Во зависност од видот на гаранцијата и поднесеното покритие, провизијата се движи од од 1.200 МКД еднократно до 0,40% месечно (минимум 500 МКД месечно)
Измена на условите е 1.200 МКД еднократно за секоја измена на гаранцијата и/или договорните услови.

Потребни документи

  • Договор за издавање на гаранцијата (се склучува со Банката)
  • Доколку е потребно, намера за откуп на девизи на девизниот пазар на Банката и Заклучница од Девизен пазар
  • Дополнителни документи во зависност од обезбедувањето