НЛБ Клик
Електронско банкарство

Твое време, твој избор!

Што овозможува?

  • Увид во состојбата и прометот на Вашите сметки, картички, депозити и кредити во секое време
  • Добивање на електронски извод
  • Конверзија од една во друга валута
  • Можност за плаќање на Вашите редовни трошоци
  • Можност за разни плаќања кон физички и правни лица во земјата
  • Можност за плаќање на обврски за кредитни картички и кредити
  • Надополнување на при-пејд сметка на мобилен телефон за мобилниот оператор А1
  • Плаќање на девизни налози и распоред на девизни приливи
  • Можност за промена на лимити за дневни и месечни трансакции реализирани преку НЛБ Клик
  • Доспевање на рати за кредитни картички
  • Промена на лимит на картички за подигнување на готовина на банкомат, плаќање на ПОС терминал и интернет плаќања
  • Можност за ажурирање на податоци

Главни предности

  • Заштеда на време и финансиски средства
  • Пристап преку било кој компјутер, таблет или мобилен телефон приклучен на интернет
  • Постојан увид на состојбата на Вашите сметки
  • Сигурно, лесно и прегледно работење
  • Едноставно за користење
  • Можност за реализирање на бројни услуги
  • Внесот на налози е можен 24 часа на ден, 7 дена во неделата и со иден датум

НЛБ Клик пакети

Зависно од Вашите потреби можете да изберете Мини клик или Макси клик: 

  • Мини Клик е пакет кој се користи со помош на корисничко име и лозинка. Со него можете да ја проверите состојбата на Вашите сметки и да ги платите месечните режиски трошоци.
  • Макси Клик е целосен пакет за електронско банкарство кој се користи со помош на мТокен. Со овој пакет можете да ја проверите состојбата на Вашите сметки, да ги платите месечните режиски трошоци, да вршите плаќање кон сите физички и правни лица - учесници во платниот промет во земјата, да плаќате обврски по кредитни картички и кредити и да вршите пренос на средства меѓу различни сметки.

Мини Клик е пакет кој се користи со помош на корисничко име и лозинка. Со Мини клик можете да ја проверите состојбата на Вашите сметки и да ги платите месечните режиски трошоци.

Услуги кои може да се извршуваат преку Мини Клик

  • Преглед на состојба и промет на Вашата лична трансакциска сметка
  • Преглед на состојба и промет на Вашите кредитни картички
  • Преглед на состојба и промет на Вашите депозити
  • Добивање електронски извод
  • Плаќање на месечни режиски трошоци
  • Можност за ажурирање на лични податоци

Што е потребно за Мини Клик?

  • Лична трансакциска сметка
  • Компјутер, таблет или мобилен телефон приклучен на Интернет
  • Корисничко име и лозинка

Карактеристики

Макси Клик е целосен пакет за електронско банкарство кој се користи со помош на НЛБ мТокен. Со Макси клик пакетот можете да ја проверувате состојбата на сите Ваши сметки како и да извршувате различни плаќања. За идентификација при вршење на плаќањата покрај корисничко име и лозинка, се користи НЛБ мТокен апликацијата за генерирање на еднократни лозинки (ОТP - One Time Password)

Услуги кои може да се извршуваат преку Макси Клик

  • Преглед на состојба и промет на Вашата лична трансакциска сметка
  • Преглед на состојба и промет на Вашите кредитни картички
  • Преглед на состојба и промет на Вашите депозити
  • Добивање електронски извод
  • Плаќање на месечни режиски трошоци
  • Плаќање кон сите физички и правни лица, учесници во платниот промет во земјата кои имаат отворено сметка во една од банките во Р. Македонија
  • Плаќање на обврски по кредитни картички и кредити
  • Пренос на средства меѓу сметки
  • Можност за аплицирање за НЛБ мКлик кредит
  • Можност за ажурирање на личните податоци

Што е потребно за Макси Клик?

  • Лична трансакциска сметка
  • Таблет или мобилен телефон приклучен на Интернет
  • Корисничко име и лозинка
  • НЛБ мТокен

Карактеристики

НЛБ мТокен е софтверска апликација за мобилен телефон која служи за генерирање еднокранти лозинки (One Time Password) за идентификација на корисникот и потврда на плаќањата преку НЛБ Клик. Лозинката која се генерира со НЛБ мТокен се користи само еднаш, за едно плаќање или за една најава. За да генерирате еднократна лозинка со НЛБ мТокен внесувате ПИН број кој сами претходно го одредувате. 

Апликацијата НЛБ мТокен е иста како уредот НЛБ Токен, само што се инсталира на мобилен телефон и со тоа е попрактичен и подостапен за користење.

Трошоци и провизии

Трошоците за сите електронски налози извршени преку НЛБ Клик се од 50% до 70%  пониски од трошоците за хартиените налози извршени во експозитура.

ТАРИФНИК ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ
Еднократен надоместок за НЛБ мТокен  300 МКД
Хартиени налози                                                               Електронски налози                                              
За налози извршени преку МИПС 200 МКД 100 МКД
За налози пратени преку клиринг-КИБС
Трансакции до 10.000 МКД
Трансакции над 10.001 МКД
38 МКД
48 МКД
15 МКД
15 МКД
За налози преку интерен клиринг
Трансакции до 10.000 МКД
Трансакции над 10.001 МКД
25 МКД
33 МКД
9 МКД
9 МКД
Уплата на режиски трошоци кон с-ка на правни лица со кои Банката има склучено посебен договор Без надоместок Без надоместок
  

За висок степен на сигурност во електронското работење, НЛБ Банка користи современи технологии со највисоки безбедносни стандарди според светски критериуми.
Сите податоци кои ги разменуваат корисникот и Банката се шифрирани. Корисникот се идентификува преку своето корисничко име и лозинка (за Мини Клик), како и преку еднократната лозинка (OTP – One Time Password) која се генерира со помош на НЛБ НЛБ мТокен (за Макси Клик).

МИНИ КЛИК

Кај пакетот Мини Клик со кој е овозможено само проверка на состојба и плаќање на режиски трошоци, се идентификувате со корисничко име и лозинка. При пријава за Мини Клик ќе добиете корисничко име и активациски код. При првата најава со активацискиот код, веднаш сами ја дефинирате лозинката која ќе ја користите за најава во иднина.

За висок степен на сигурност можете да придонесете и Вие самите, со тоа што ќе дефинирате „силна“ лозинка преку почитување на неколку едноставни правила:

  • лозинката треба да содржи најмалку 9 карактери
  • да биде комбинација од букви, бројки и специјални карактери
  • да не го содржи Вашето име или имињата на вашите најблиски
  • не ја кажувајте Вашата лозинка никому

 

МАКСИ КЛИК

Кај пакетот Макси Клик каде покрај проверка на состојба, се овозможени и сите видови плаќања, покрај корисничко име и лозинка, за идентификација се користи  НЛБ мТокен апликацијата за генерирање еднократни лозинки (OTP – One Time Password).