Сребрен пакет

Сребрениот пакет е наменет за сите пензионери кои својата пензија ја примаат на сметка во НЛБ Банка.

НЛБ Банка на своите клиенти пензионери, им нуди единствена можност за достава на пензијата на домашна адреса. Целта на оваа услуга е да обезбеди подобро корисничко искуство, дополнителна достапност за пензионерите кои живеат во руралните средини, како и заштита на здравјето во услови на пандемија.

Доколку сакате пензијата да Ви се доставува на Вашата домашна адреса, потребно е да поднесете барање во најблиската експозитура и да приложите важечки документ за лична идентификација

Што вклучува?

Трансакциска сметка

      • Можност за пречекорување до 2 пензии
      • НОВО: Можност за достава на пензијата на домашна адреса

Информација за надомест за достава на пензија на домашна адреса

Дебитни картички

      • Бесплатна Visa Electron дебитна картичка за цело времетраење поврзана со трансакциската сметка со можност за добивање до 2 дополнителни картички
      • Пензионер + Maestro кобрендирана картичка со Сојуз на здруженија на пензионери на Северна Македонија (СЗПМ) со можност за плаќање до 12 рати без камата и користење на попусти во продажни места со кои СЗПМ има склучено договор.

      


Кредитни картички

      • Visa Classic и MasterCard Standard без членарина за првата година на користење, за следните во зависност од прометот - можност за плаќање на рати, до 24 рати со MasterCard Standard или само 5% месечно со Visa Classic
      • Зегин – НЛБ Банка кобрендирана кредитна картичка - можност за купување на лекови и останати производи од Зегин на одложено плаќање до 12 рати без камата
      • Лимит до 3 пензии распределени на сите кредитни картички по Ваша желба
      • Бесплатни 2 дополнителни картички.

  


Кредити

Повеќе информации

Повеќе информации за Виолетовиот пакет можете да добиете на телефонски број 02/ 15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

 

Локатор на експозитури