Барање за достава на платежна картичка на домашна адреса

Согласно моменталната ситуација на ширење на вирусот Covid 19 и препораките за намалена фреквенција на движење, а со цел Ваша заштита, НЛБ Банка започнува со достава на сите дебитни и кредитни картички за физички лица на домашна адреса. За таа цел, доколку сакате картичката да Ви биде доставена на Вашата домашна адреса, потребно е го да пополните електронско барање. По доставата на картичката, истата ќе биде активирана во период до 24 часа, а за да почнете со користење потребно е да направите контактна трансакција со внесување на ПИН код на ПОС терминал или на најблискиот НЛБ Банкомат. 

Надоместокот за достава на платежна картичка на домашна адреса изнесува 150 мкд.

За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање на телефонскиот број 02/15 600.

Како да доставите барање за да Ви стигне картичката на домашна адреса?

Се што треба да направите е да поднесете електронско барање за достава и да изберете кои картички сакате да ги добиете по пошта.