NLB Welcome

Прва банкарска помош на Вашите патувања во сите Банки членки на НЛБ Групацијата.

Клиентите на НЛБ Банка, отсега се добродојдени и во сите експозитури на банките на НЛБ Групацијата, во Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Во случај на немили настани, како што се кражба, губење или нефункционирање на платежна картичка, NLB Welcome, е прва банкарска помош на Вашите патувања. Доколку имате било какви потешкотии, поврзани со банкарското работење или Ви е потребна додатна банкарска услуга, добродојдени сте во експозитурите на НЛБ Групацијата.

Услуги на NLB Welcome

  • Mожности за телефонски повик за разрешување на моменталната ситуација
  • Mожности за зголемување на лимитот на Вашите платежни картички
  • Mожности за зголемување на лимитот на Вашата лична трансакциска сметка
  • Mожности за пренос на средства од Вашиот штеден влог на Вашата лична трансакциска сметка
  • Услуги на Western Union Money Transfer

Трошоци

Сите банки на НЛБ Групацијата во улога на банка домаќин*, услугата ја извршуваат бесплатно. Услугите на матичната банка** се наплатуваат во согласност со важечката Тарифа на матичната банка.

* Банка домаќин е банка од НЛБ Групацијата во друга држава, каде клиентот на матичната банка ги користи NLB Welcome услугите
** Матична банка е банка во која клиентот има отворено транскациска сметка