НЛБ мКлик
Мобилно банкарство
За сите оние кои сакаат да ги извршуваат банкарските трансакции лесно и
сигурно преку мобилен телефон.
Заштеда на време и средства
24 часа во денот – 7 дена во неделата од било кое место
НЛБ мКлик - мобилно банкарство е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон. Со НЛБ мКлик апликацијата можете да вршите разни плаќања директно од Вашиот мобилен телефон и да ги извршувате сите банкарски работи од било кое место и во било кое време.
Што овозможува
НЛБ мКлик?
- Отворање на трансакциска сметка online директно преку апликацијата
- Едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата и прометот на сите Ваши сметки, депозити,картички и кредити
- Извршување на сите плаќања со само еден клик: интернитрансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица
- Промена на лимит на Вашите картички за подигнување готовина на банкомат, плаќања во продажната мрежа на ПОС терминал и интернет плаќања, за Ваша поголема сигурност и флексибилност при користење на НЛБ платежните картички
- Конверзија од една во друга валута
- Надополнување на кредит за мобилен телефон
- Локатор на најблискиот банкомат и експозитура
- Директен контакт со Банката во секое време
- Брзо и едноставно плаќање на достасаните обврски на Вашите кредитни картички / Кредити
- Доспевање на рати на Вашите кредитни картички
- Плаќање на сметки за режиски трошоци без провизија
- Добивање на известувања (нотификации) за трансакции со платежни картички како и известувања (нотификации) за приливи и одливи од Вашата трансациска сметка
- Вршење на девизен платен промет.
- Нотификација за прилив од странство.
- Можност за промена на лимити за дневни и месечни трансакции реализирани преку НЛБ Клик и НЛБ мКлик.
- Опција за брзо креирање на нов налог преку swipe опција.
- Можност за споделување на реализирани налози.
- Поголема безбедност при плаќање со автентификација со ПИН или со отпечаток од прст.
- Плати на пријател
- Подели сметка
- Можност за аплицирање за НЛБ мКлик кредит
- Можност за ажурирање на личните податоци
- Прилагодување на апликацијата за користење од страна на лица со попречености на видот
- Модерен интуитивен дизајн
- Заштеда на време и финансиски средства
- Независност од работното време на експозитурите на Банката
- Плаќањата се вршат директно без потреба од софтверски уред токен
- Извршување на сите банкарски услуги 24 часа, 7 дена во неделата
- Пониски провизии за електронски налози од 50% до 70% во однос на налозите извршени во експозитура
Како да станете корисник?
Апликацијата НЛБ мКлик можете да ја симнете преку:
Апликацијата можете самостојно да ја активирате или да ја посетите најблиската експозитура на Банката.
Локатор на експозитури
Трошоци и провизии
НЛБ мКлик апликацијата е достапна преку НЛБ Трансакциските пакети.
Трошоците за сите електронски налози извршени преку НЛБ мКлик се 50% до 70% пониски од трошоците за хартиените налози извршени во експозитура.
ТАРИФНИК ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ |
|
Хартиени налози |
Електронски налози |
За налози извршени преку МИПС |
200 ден |
100 ден |
За налози пратени преку клиринг-КИБС |
до 10 000,00 ден над 10 001,00 ден |
36 ден 46 ден |
15 ден 15 ден |
За налози преку интерен клиринг |
до 10 000,00 ден над 10 001,00 ден Кон НЛБ Банка АД Скопје |
23 ден 31 ден Без надомест |
9 ден 9 ден Без надомест |
Уплата на режиски трошоци кон с-ка на правни лица со кои Банката има склучено посебен договор |
30 ден (за иматели на ТРС) 60 ден (за тие што немаат ТРС) |
Без надоместок |
Линкови за помош
Како да инсталирате НЛБ мКлик мобилно банкарство?
Како да промените НЛБ мКлик пакет со право на плаќање?
Како да ги реализирате самостојно сите банкарски трансакции од дома?