Сава Пензија плус

За да обезбедите добар животен стандард и во пензионерските денови, започнете да штедите со Сава Пензија плус!

Карактеристики

  • Доброволното пензиско осигурување Ви овозможува сами да штедите и да остварите право на дополнителна пензија.
  • Сава Пензија плус е отворен доброволен пензиски фонд кој е наменет за сите вработени или невработени лица од 15 до 70 години* кои се во можност и кои сакаат да издвојуваат дополнителни средства од своите тековни примања.
  • Не постои минимален, ниту максимален износ на уплата.

*  Член или уплатувач не може да биде лице кое е примател на пензија

Како јас да станам член на доброволниот пензиски столб или да уплатувам за друго лице (брачен сопружник, деца)?

  • Со потпишување на договор за членство во Сава Пензија плус и со отворање на доброволна индивидуална сметка.

  • Со потпишување на договор за членство во Сава Пензија плус помеѓу тебе, уплатувачот и Друштвото и со отворање на доброволна индивидуална сметка. 

Зачленувањето во Сава Пензија плус можете да го извршите во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, во просториите на Сава Пензиско друштво АД Скопје или преку лиценцираните агенти за продажба.
Со потпишување на договор и прва уплата станувате член на Сава Пензија плус.

Локатор на експозитури

Предности 

  • Принос на фондот – принос остварен од вложувањата на фондот во различни класи на инструменти во текот на одреден период. Остварени приноси
  • Оданочување - предмет на оданочување е приносот остварен на вложените средства

Индивидуален член во Сава Пензија плус се станува со:

  • Индивидуално уплаќање пензиски придонес и 
  • Уплаќање од уплаќач за друго лице (сопруг, сопруга, дете...)

Начин на уплата

  • Безготовинска уплата од Вашата трансакциска сметка
  • Траен налог
  • НЛБ Клик - електронско банкарство 

 

Повеќе информации 


    

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk

тел. 02 3224 229